Елаборат за заштита на животна средина е облигаторен документ за одредени дејности.
Под Животна Средина се подразбира збир од сите надворешни фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден организам. Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се неживите фактори – влијанијата на почвата, водата и воздухот врз организмите.
Преку елаборатот се:
- опишува дејноста и активностите на правниот субјект
- начинот на кој се врши дејност
- дали тој начин соодветствува со Закон за заштита на животна средина на РСМ
- доколку постојат загадувачки фактори, елаборатот е тој кој ги детерминира и утврдува идни постапки
Надлежност за прегледување на елаборат за заштита на животна средина имаат:
- Министерство за животна средина и просторно планирање
- Град Скопје
- Општините во РС Македонија
Ако човекот не пристапи кон поголема контрола на влијанијата врз овие фактори, наскоро нема да постои животна средина!
ЕКО Стилинг воведе “обележување“ на сите објекти и дејности кои се опфатени со Закон за Животна Средина на РСМ, а ги имаат испочитувано законските одредби. Имено “обележувањето“ e во форма на поставување на етикета на влезната врата, која го означи објектот/ дејноста како ПРИЈАТЕЛ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.
Погледнете ги некои од “обележаните“ обекти